среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 6
home Хроника

Полицијата морала да пука – Филмска бркотница во скопско

Полицијата морала да пука – Филмска бркотница во скопско

Вистинска драма се одвивала синоќа пред полноќ во Долно Кочичани во скопско каде полицијата бркајќи возачи на камиони морала да пука во воздух.

МВР информира дека во 23 часот полициски службеници на локалниот пат од село Долно Количани кон село Пагаруша, скопско, додека вршеле службени дејствија, дале знак за запирање на две товарни возила натоварени со дрва, при што едното товарно моторно возило не ја почитувало наредбата и се насочило кон полициските службеници.

Притоа, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух и во задната гума, но возилото на застанало.

По преземени мерки, во село Пагаруша било пронајдено товарното возило „Застава“, кое било одземено со огревните дрва, а известена била и Шумската полиција.

Се работи на расчистување на случајот.