четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 132
home Хроника

Полицијата „косеше“ во петок навечер: Голем број на лица возеле под дејство на алкохол, уште поголем дел без возачка дозвола

Полицијата „косеше“ во петок навечер: Голем број на лица возеле под дејство на алкохол, уште поголем дел без возачка дозвола
фотоилустарција

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26 санкции, 20 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 67 за непочитување на брзина на движење и 75 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

ЕУРО 2020

Македонија