петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Полицијата го уапси измамникот кој ветуваше враќање заостанати пензии

Полицијата го уапси измамникот кој ветуваше враќање заостанати пензии

Измамникот кој изнудувал пари од семејства кои наводно имале можност да подигнат парични средства од ПИОМ од три до седум илјади и петстототини евра по разни основи, вчера вечерта е уапсен во Гевгелија.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, полицијата го лишила од слобода И.П.(41) од Гевгелија, соопштија од СВР Струмица.

-Пријавениот во неколку наврати во изминатиот период извршил кривични дела „измама“ лажно претставувајќи се и како З.Ј. наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Република Северна Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи, стои во известувањето од струмичката полиција.

Од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број на мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против пријавениот полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.