петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Хроника

Полицијата го претресла, а во долната облека му нашла топче од киндер јајце- откако виделе што има внатре велешанец заврши зад решетки

Полицијата го претресла, а во долната облека му нашла топче од киндер јајце- откако виделе што има внатре велешанец заврши зад решетки

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​

Локални избори 2021