четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 56
home Хроника

Полицијата ги забележала, па фрлиле марихуана од прозор

Полицијата ги забележала, па фрлиле марихуана од прозор

СВР Струмица поднесе кривичнa  пријавa  против Х.М. од с.Банско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.12.2019 во 21.00 часот во с.Банско, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, во патничко возило биле забележани А.С. и Џ.И. двајцата од с.Банско, при што Џ.И. на патот фрлил марихуана.

По извршениот разговор,  А.С и Џ.И. потврдиле дека истиот ден од Х.М. купиле марихуана.

Коронавирус