сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 63
home Хроника

ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ЦРКВА ВО ТЕТОВО- драмата не завршила со идентификација на верниците, свештено лице завршило во станица!

ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ЦРКВА ВО ТЕТОВО- драмата не завршила со идентификација на верниците, свештено лице завршило во станица!

Денеска(6 јануари) околу 16 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница се организира собир на кој присуствуваат поголема група граѓани и дека на собирот не се почитуваат мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

На посоченото место веднаш се испратени служби на СВР Тетово, кои ги презеле сите потребни мерки и веќе се идентификувани петнаесетина лица, кои присуствувале на собирот, а во Полициската станица Тетово повикано е и одговорното свештено лице на црквата.

СВР Тетово продолжува со идентификување на сите инволвирани и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коронавирус