петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Хроника

Полиција ги запрела, тие излегле од возилото и започнале да бегаат- во автомобилот имало што да се види!

Полиција ги запрела, тие излегле од возилото и започнале да бегаат- во автомобилот имало што да се види!

На 27.01.2020 во 19.45 часот на подрачјето на населбата Пештани, полициски службеници запреле патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки. Притоа, од возилото излегле две лица и започнале да бегаат, по што фрлиле една вреќа со риболовни мрежи и риба –  охридска пастрмка.

По преземени мерки, констатирано е дека возилото било управувано од И.Л.(56) од Пештани.

Риболовните мрежи и уловената пастрмка биле предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.

Коронавирус