среда, 5. август 2020. Вести денес: 171
home Хроника

Полицајка убила маж по расправија за неносење маска

Полицајка убила маж по расправија за неносење маска

Заменичката на шерифот во Мичиген, застрела човек осомничен дека со нож прободел маж кој го критикувал дека не носи маска во продавница, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во округот Ејтон, југозападно од Лансинг, околу 30 минути по инцидент со нож во продавница, соопшти полицијата.

Осомничениот починал во болница.

Мажот кој бил прободен е во стабилна состојба и е хоспитализиран. (МИА)

Коронавирус