понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 75
home Хроника

Полицајци влегоа во гаража на Албанка во Струга, кога видоа што има таму веднаш ја уапсија

Полицајци влегоа во гаража на Албанка во Струга, кога видоа што има таму веднаш ја уапсија

На 02.07.2020, по претходно добиена писмена наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во гаража лоцирана на ул.„Македонска“, во Струга, која ја користела В.М.(51) од Корча, Република Албанија.

Притоа, пронајдени се и одземени 42 кутии тутун  „Virginia Original“, четири кутии со вкупно 43 ленти таблети „Exiptol Albendazole“ 600mg, осум стаклени шишиња со непозната течност и една пластична туба со непозната течност.

Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено казнено дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, В.М. била лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус