четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Хроника

Полицајци вчера физички нападнати во Скопје, едно лице приведено

Полицајци вчера физички нападнати во Скопје, едно лице приведено

Во текот на вчерашниот ден во 19:30 часот по претходна пријава од Н.Џ.(49)  во Секторот за внатрешни работи Скопје за нарушен јавен ред и мир на улицата „Кипарска“ од страна на нејзиниот брат Ѓ.Џ. (41) на местото на настанот биле упатени двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир.

Како што информираат од МВР, откако дошле Ѓ.Џ. почнал да им упатува пцовки, навреди и закани на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал, по што Ѓ.Џ. веднаш бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Коронавирус