понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 72
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Полицајци нападнати по пријава за гласна музика

Полицајци нападнати по пријава за гласна музика

На 29.08.2019 во 01:30 часот во СВР Охрид биле приведени И.А. и Д.М. поради  физички напад на полициски службеници.

На 28.08.2019 во 23:30 часот од СВР Охрид било интервенирано во зграда на ул. „Сатеска“ поради пријава за гласна музика, при што на сопственикот М.Д. му било посочено да ја намали музиката.

Поради  интервенцијата, полициските службеници биле физички нападнати од И.А., Д.М. и К.Д.

За настанот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.