понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Хроника

Полицајци нападнати од цело семејство при интервенција

Полицајци нападнати од цело семејство при интервенција

Полициски службеници од Полициското одделение Ранковце и Полициска станица Крива Паланка пред два дена околу 10:20 часот биле нападнати од цело семејство.

Полицајците ги нападнале Д.Т. (54) од с.Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови.

-Полициските службеници требало да извршат интервенција – одземање на трактор натоварен со дрва без соодветни документи, сопственост на Д.Т.. Тој со  тракторот превезувал околу три кубни метри багремови дрва. При интервенција на полициските службеници, Д.Т. со метална шипка удрил еден полициски службеник, неговата сопруга каснала друг полициски службеник, а едниот малолетник со рака удрил полициски службеник во пределот на телото, информираат од полицијата.

Напаѓачите биле приведени и задржани во Полициската станица Крива Паланка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Крива Паланка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус