сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Полицаецот кој тепаше граѓанин во Битола доби кривична пријава

Полицаецот кој тепаше граѓанин во Битола доби кривична пријава

МВР до Обвинителството за гонење на организиран киминал и корупција поднесе кривична пријава против полицаецот кој брутално нападна граѓанин во Битола. Тој ќе се товари за малтретирање во вршење на службата. Против истиот полицаец МВР покрена дисциплинска постапка и суспензија, како и до полицаецот кој не го спречил неговиот колега додека бруталното тепа граѓанин. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не кажа до кога овие полицајци ќе бидат суспендирани од работа.

„Министерството за внатрешни работи остро осудува било каков случај на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник и тоа се санкционира и понатаму мора најстрого да биде санкционирано. Ниту еден ваков чин не може да се оправда“, рече Спасовски.

Денеска осуда стигна и од Владата. Казнување на полицајците побараа премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ. Претепаните битолчани вечра преку видео стрим на социјалните мрежи тврдеа дека при сообраќајка удриле во бандера, па полицајците наместо да ги легитимираат ги претепале.

„Ние имавме сообраќајка, бевме малку напиени, се враќавме од роденден. На враќање удривме во бандера. Кога излеговме од автомобилот полицајците веднаш почнаа да нѐ удираат“, напишаа тие.

Досега годинава во канцеларијата на Народниот правобранител стасале дури 15 претставки од граѓани поради полициска бруталност. Додека изминатите четири години имало помалку пријави, а лани само три. За 2019 и 2020 година кај Омбдусманот има вкупно 18 претставки. Од нив шест се испратени до Обвинителството, но оттаму немаат никаков одговор.

Коронавирус