петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 140
home Хроника

Полицаец во Крива Паланка испукал пет куршуми, колегите го лишиле од слобода

Полицаец во Крива Паланка испукал пет куршуми, колегите го лишиле од слобода

На 19.07.2020 во 01:10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот.

Подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода, а кај него и во патничко моторно возило„Пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус