недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје

Полицаец повреден во сообраќајка во Скопје

На 04.08.2020 во 16:45 часот на ул.„518“ во Скопје во правец кон „Саем – Ќерамидница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „поло“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „ауди А8“, управувано од И.П.(27) од Скопје.

Во незгодата возачот и сопатникот од патничкото возило „поло“ се здобилe со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

За незгодата е  известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус