вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 92
home Хроника

Полицаец по грешка испукал куршум, пожар беснеел во Арачиново

Полицаец по грешка испукал куршум, пожар беснеел во Арачиново

ПОВРЕДЕН ПЕШАК – На 26.09.2020 во 00.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(38) од Скопје, удрило во пешакот О.С.(59) од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

АГРЕСИВЕН ТЕТОВЧАНЕЦ – На 24.09.2020 во 21.30 часот на ул.„Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(30) од с.Голема Речица, тетовско, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-ВЕЛЕС – На 25.09.2020 околу 17.20 часот на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, без регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(63) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.К.(30) од с.Каласлари. По незгодата, двајцата возачи и малолетна сопатничка од с.Каласлари во возилото „фолксваген голф“ биле пренесени во болницата во Велес, каде на Ф.М. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Г.К. и сопатничката биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

АГРЕСИВЕН КОЧАНЧАНЕЦ – На 26.09.2020 околу 00.00 часот на магистралниот пат Штип – Велес, во близина на „Три чешми“, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Н.(42) од Кочани, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТЕПАЧКА ВО КАФАНА – На 25.09.2020 во 20.36 часот во СВР Скопје, П.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 20.20 часот  во угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАТА НА РАБОТА – На 25.09.2020 во 14.15 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во фирма во Демир Капија Г.Т.(46) од Скопје била физички нападната од Д.Г. од Демир Капија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОЖАР ВО РОПОТОВО – На 25.09.2020 во 17.00 часот во Полициското одделение Ропотово, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека на место викано „Кланица“ настанал пожар при што гореле стрништа. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ЗАПАЛЕНА СУВА ТРЕВА ВО АРАЧИНОВО – На 26.09.2020 околу 02.35 часот било пријавено дека на ул.„1“, позади новата зграда на општина Арачиново, во с.Арачиново, настанал пожар при што гореле сува трева и ѓубриште. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ДРОГА ВО ТЕТОВО – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(61) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.05.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле хероин.

НЕСМАСЕН ИНСПЕКТОР – На 25.09.2020 во 13.50 часот во работна канцеларија во СВР Струмица, инспектор, додека вршел проверка на службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум кој се забил во паркетот во близина на неговото работно биро. Во тој момент во канцеларијата биле присутни уште двајца полициски службеници. Повредени лица нема, а увид бил извршен.

ИЗМАМЕНА ЖЕНА – На 25.09.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Неготино, 59-годишна жена од Неготино пријавила дека била измамена од А.М(18) од с.Патишка Река, Сопиште, за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“ со А.М., со кого бил и неговиот брат Н.М..  По ова, според пријавеното, заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале. Според пријавеното, по некое време и Н.М. им рекол дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни лицата ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КУЧИЊАТА КАСААТ – На 25.09.2020 во 09.20 часот во СВР Тетово, С.П.(55) од Тетово пријавила дека на ул.„180“ во Тетово била касната од куче скитник.

Коронавирус