вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец нападнат во обид да спречи масовна тепачка во Штип

Полицаец нападнат во обид да спречи масовна тепачка во Штип

На 30.08.2019 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Штип при интервенција по нарушен јавен ред и мир на ул.„Кежовица“ во Штип, помеѓу Ј.П.(61) и Г.Ш.(48) од една страна и З.К.(51) и Т.К.(67), од друга, биле спречени во извршувањето на службените дејствија, при што полициски службеник бил физички нападнат.

Лицата биле приведени, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.