четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Полицаец физички нападнат синоќа во Прилеп

Полицаец физички нападнат синоќа во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден во 22:50 часот во Полициска станица Прилеп е пријавена поплака од страна на лицето Б.Ц. од Прилеп. На местото на настанот се упатиле двајца полициски службеници  при што затекнале, патничко моторно возило „Ауди 100“, и лицата К.И. и пријавителот Б.Ц. кои започнале вербална расправија, информираат од МВР.

Од страна на полициските службеници се преземени мерки со цел да ги разделат, легитимираат и да ги предупредат лицата. Во еден момент лицето К.И. истрчало кон еден полициски службеник и го удрило  во пределот на вратот и рамото.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус