петок, 29. јули 2022. Вести денес: 63
home Хроника

Поголем број пријави за семејно насилство во Тетово

Поголем број пријави за семејно насилство во Тетово

Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела. Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.

-Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто така вчера околу 15 часот и 15 минути, на улица „115“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Ќ.Ф., кој пред тоа бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 46-годишната сопруга, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во вторникот 28 јуни околу 2 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „107“ во Тетово, го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец М.М., кој претходно бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал, а се обидел да го нападне и нивното малолетно дете.

Коронавирус