петок, 24. септември 2021. Вести денес: 133
home Хроника

Поднесено обвинение за тренерот по џудо кој вршел полови дејствија врз ученички

Поднесено обвинение за тренерот по џудо кој вршел полови дејствија врз ученички

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

Коронавирус