четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 154
home Хроника

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Јавното обвинителство.

– Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на земјениот пат за село Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – едно полуавтоматско кусо огнено оружје „Застава М57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот, се вели во соопштението на скопското Обвинителство.

Од таму уште додаваат дека полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив.

– По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот, потенцираат од скопското обвинителство.

Воедно, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.

Коронавирус