понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 17
home Хроника

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Кај обвинетиот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол. При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска” во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама наркотична дрога – марихуана.

Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.​

Коронавирус