четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 87
home Хроника

Поднесено обвинение против двајца државјани на Република Албанија – во Гостивар пуштале во промет наркотични средства

Поднесено обвинение против двајца државјани на Република Албанија – во Гостивар пуштале во промет наркотични средства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица, државјани на Република Албанија, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Освен ова, едниот обвинет се товари и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети соизвршители, на возраст од 21 и 19 години, на почетокот на ноември 2020 година во Република Албанија набавиле наркотична дрога марихуана и ја внеле во државава со намера да ја препродадат. Дрогата ја сокриле во високиот возен парк на улица „Боге Велјаноски“ во Гостивар. На 6 ноември, овластени полициски службеници ги забележале обвинетите во моментот кога извадиле чанта од местото на кое ја криеле дрогата. Полицајците се обиделе да им извршат личен преглед, но двајцата обвинети пружиле активен отпор и се дале во бегство. При обидот да биде совладан, едниот од обвинетите со тупаница го удрил по лицето полицискиот службеник – инспектор, нанесувајќи му телесна повреда. Откако бил совладан и му бил извршен претрес, во чантата бил пронајден над еден килограм наркотична дрога – марихуана. Вториот обвинет, пак, следниот ден сам се пријавил во полициска станица во Гостивар.

Ценејќи дека и натаму постојат основите – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да се повтори делото, надлежниот јавен обвинител за двајцата обвинети предложи да биде продолжена претходно определената мерка притвор.​​

ЕУРО 2020

Македонија