среда, 28. јули 2021. Вести денес: 111
home Хроника

Поднесени предлог казни за 19 лица – не го почитувале полицискиот час

Поднесени предлог казни за 19 лица – не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Коронавирус