сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Хроника

Поднесени кривични пријави против 5 лица поради непочитување на здравствени мерки

Поднесени кривични пријави против 5 лица поради непочитување на здравствени мерки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ш.(52) и Б.Ш.(24), двајцата од с.Долна Ѓоновица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 13.08.2020 во с.Долна Ѓоновица, полициски службеници извршиле контрола во домот на пријавените, при што тие не биле затекнати дома.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против С.А. (54) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, на 08.08.2020 на ул.„Пано Мударов“ во Кавадарци бил затекнат како се движи со патничко возило, односно надвор од неговиот дом, каде што требало да биде во самоизолација, со што не го почитувал издаденото решение од страна на Државниот санитарен и здраствен инспекторат за домашна изолација, во траење од 14 дена, од 01.08.2020 до 14.08.2020.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(33) од Гази Баба, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 04.06.2020 кај место викано „Мороишки мост“ во Струга, за време на забрана за движење, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи со патничко возило, а притоа приложил дозвола за движење со измината важност.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(45) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 05.06.2020 во близина на Струга, за време на забрана за движење, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи без соодветна дозвола.

Коронавирус