понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Хроника

Поднесена кривична пријава за убиството во Мала Речица

Поднесена кривична пријава за убиството во Мала Речица

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. од тетовска Мала Речица, поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

-Осомничениот А.К. делата ги извршил на 14 октомври 2018 година во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ) од Мала Речица, информираат од МВР.

Педесет и тригодишниот А.К. денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Коронавирус