вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 76
home Хроника

Поднесена кривична пријава против скопјанец – дома чувал дрога и ја продавал на подрачјето на Скопје

Поднесена кривична пријава против скопјанец – дома чувал дрога и ја продавал на подрачјето на Скопје

Нa 13.01.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје. На 12.01.2022 во 21.30 часот во н.Идризово, Скопје од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко возило „рено флуенс“, со скопски регистерски ознаки, управувано од К.К., при што е пронајдена дрога.

Истиот ден, по наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. каде, исто така, е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело.

При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин… Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус