сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 51
home Хроника

Почината жена пронајдена во Вардар, познат нејзиниот идентитет

Почината жена пронајдена во Вардар, познат нејзиниот идентитет

На 26.01.2020 во 09:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар има починато женско лице.

Од екипа на Бригадата за прпотивпожарна заштита Скопје телото било извадено, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за Б.К.(60) од нас.Радишани – Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.