сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 62
home Хроника

Почина вработен во рудник во Радовиш од струен удар

Почина вработен во рудник во Радовиш од струен удар

Вработен во рудник во Радовиш вчера починал од струен удар додека изведувал работи на трафостаница, информираат од МВР.

Во полициската станица Радовиш од Итна медицинска помош вчера, во 14:20 часот било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш А.Р. (59) од село Воиславци, додека изведувал работи на трафостаница го удрил струен удар, по што починал.

Увид на местото извршиле јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.