сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 67
home Хроника

Почина уште еден велешанец од Ковид 19

Почина уште еден велешанец од Ковид 19

На инфективното одделение во велешката болница ноќва повторно смртен случај. 63 годишен велешанец починал околу полноќ, објави Велес365.

Тој добил резултат позитувен на Ковид-19 уште во средата, но на болничко лекување се јавил дури вчера и по неполни 6 часа починал. Тој бил донесен во тешка здравствена состојба со ниско ниво на кислород а покрај тоа имал и останати болести.

Ова е 23 смртен случај како последица на зараза со коронавирусот во Велес.

Последниве десетина дена животот го загубија деветмина велешани кои беа хоспитализирани во велешката болница.

Коронавирус