петок, 23. август 2019. Вести денес: 9
home Хроника

Почина родилка во охридската болница

Почина родилка во охридската болница

Дваесет и девет годишна родилка од охридската населба Рача, починала пред една недела на гинеколошкото одделение во охридската болница, објави Сител.

Од општата болница потврдија дека пред една недела се породила, а повеќе информации и официјален став најавија во текот на утрешниот ден.

Според првичните неофицијални информации станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото оддление во охридската општа болница при што родила здраво женско бебе. После породувањето била задржана на одделението.

Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако било утврдено дека таа се наоѓа во животна опасност итно била префрлена на клиниката во Скопје, каде по три дена починала. Неофицијално, причина за смртта е сепса.