сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 52
home Хроника

Почина работник од Скопје при изведување градежни работи на зграда

Почина работник од Скопје при изведување градежни работи на зграда

Почина 55-годишен работник кој паднал додека извршувал градежни работи на зграда во Гази Баба.

– На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Локални избори 2021