сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Почина прегазена жена во Чаир- Граѓаните ја покриле со ќебе поради страшната глетка

Почина прегазена жена во Чаир- Граѓаните ја покриле со ќебе поради страшната глетка

Попладнево, околу 2.15 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопската населба Чаир е прегазена жена, објави Сител.

По ударот од возило, жената без знаци на живот останала да лежи на улицата.

Граѓани од околните објекти ја покриле со ќебе во очекување на екипа од Брзата помош да констатира смрт кај жртвата, и полиција да изврши увид.

Идентитетот и возраста на жената ќе ги соопшти полицијата, по завршување на увидот.

Коронавирус