среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 150
home Хроника

Почина пожарникар во Скопје

Почина пожарникар во Скопје

Во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци вчера околу 16,30 часот  е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожатна единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Во 18.30 часот Г.Ј. починал.

Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција

Коронавирус