среда, 29. март 2023. Вести денес: 136
home Хроника

Почина момчето кое се бореше за живот по престрелката во Бутел

Почина момчето кое се бореше за живот по престрелката во Бутел

Почина 24-годишното момче кое се бореше за живот по престрелката која пред точно една недела се случи во скопски Бутел, јавуваат повеќе медиуми.

Во пукотниците кои минатата среда ги вознемирија скопјани, загина Камер Идризи, а неговиот внук се бореше за живот на КАРИЛ.

Во возилото марка „голф“ испукани беа 80 куршуми од автоматско оружје.

Во автомобилот било пукано од црн џип.