вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Хроника

Почина маж, го удриле со возило додека пешачел

Почина маж, го удриле со возило додека пешачел

На 08.09.2020 во 20,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид  на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Коронавирус