недела, 19. септември 2021. Вести денес: 85
home Хроника

Почина 70 годишна жена во болницата во Охрид, се испитува дали имала коронавирус

Почина 70 годишна жена во болницата во Охрид, се испитува дали имала коронавирус

Седумдесет годишна жена од струшкото село Подгорци доцна синоќа починала на Инфективното одделение во Охрид.

На неа веднаш ѝ е земен брис за Ковид 19, но се уште нема информации дали жената е позитивна или не, иако првичните информации се дека таа неколку дена се лекувала сама.

Струшкиот регион, со акцент на Лабуништа и понатаму останува ризично подрачје, кога е во прашање актуелната ситуација со корона вирусот предупредуваат од Центарот за јавно здравје во Охрид.

На терен веќе се присутни и мобилни тимови во дел од струшките села, кои ги тестираат жителите.

-Од првичните анализи и познавајќи го овој регион и менталитетот на луѓето, анализата наведува на тоа дека луѓето не се свесни за сериозноста на оваа болест. Потоа менталитетот e таков да ги кријат симптомите и не ги кажуваат и кога ќе биде веќе касно за да се интервенира, тогаш не може да се врати здравјето назад и доаѓа до фатални исходи. Секако дека се очекува зголемување на бројот и во струшкиот дел и во Охрид. Никој не е поштеден. Сега особено што вирусот е во локална трансмисија и не знаеме кој е носител, рече Сашо Точков- директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Извор: АЛСАТ

Коронавирус