сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Почина 22-годишен битолчанец, детали за неговата борба со коронавирусот

Почина 22-годишен битолчанец, детали за неговата борба со коронавирусот

Во Битола како последица на ковид-19 почина млад битолчанец, на возраст од 22 години.

Од Министерството за здравство тврдат дека момчето не било вакцинирано и имало прекумерна тежина.

-Пациентот беше лекуван во КБ Битола, позитивен на ковид-19 од 9 октомври. Тој првпат се јавил на преглед на 10-ти октомври на Инфективното одделение во битолската болница. Според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Тој бил на лекарски преглед и следниот ден на 11-ти октомври, а за 12-ти октомври на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12-ти октомври поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи бил хоспитализиран и ставен на кислородна поддршка. Но кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата и тој починал на вчера, на 15 октомври, се наведува во соопштението од министерството.

Коронавирус