недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Побарани казни од по 2.000 евра за вкупно 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Побарани казни од по 2.000 евра за вкупно 19 прекршители на полицискиот час во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казни во висина од по 2 000 евра против вкупно 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители му предложиле на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Коронавирус