недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Побаран притвор за таксист кој превезувал дрога​

Побаран притвор за таксист кој превезувал дрога​

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение да сторил едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Едновремено јавниот обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

При извршен преглед на возилото на 27.01.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на ул„Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот која неовластено заради продажба ја држел и пренесувал. Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во 1(едно) најлонско пакување.

ЕУРО 2020

Македонија