петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 56
home Хроника

По тепачка во Куманово завршил во болница во Скопје – уште едно лице повредено

По тепачка во Куманово завршил во болница во Скопје – уште едно лице повредено
фото-илустрација

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е транспортирано во Скопје на клиниките „Мајка Тереза“ поради сериозноста на повредите, а друго се лекува во болницата во Куманово, откако вчера биле истепани од две непознати лица.

Како што информира МВР, вчера околу 01,30 часот било пријавено дека во Куманово на раскрсницата од улиците „Народна револуција“ и „Илинденска“ пред пицерија И.Ф. (21) и Н.М. (21), двајцата од Куманово, застанале со патничко возило, а по кратко време им се доближиле две непознати лица и ги нападнале.

Поради повредите здобиени од тепачката И.Ф. и Н.М. побарале лекарска помош во општата болница во Куманово, при што кај Н.М биле констатирани телесни повреди, додека И.Ф. бил препратен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.