понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 99
home Хроника

По сообраќајка во Скопје, полицајци нападнати од едниот учесник и негови роднини

По сообраќајка во Скопје, полицајци нападнати од едниот учесник и негови роднини

На 24.09.2020 во 22.05 часот на крстосница од ул.„Методија Андонов Ченто“ и помошна улица во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(20) од с.Инџиково, скопско.

-По незгодата, Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т.(19) од истото село биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Д.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Г. телесни повреди. На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата, и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коронавирус