четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Хроника

По поднесено обвинение, Албанец осуден за употреба на фалсификувана лична карта

По поднесено обвинение, Албанец осуден за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 16 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, употребил како вистинска лажна италијанска лична карта. Од личната карта била отстранета оригиналната фотографија и на нејзино место била залепена фотографија на обвинетиот. Иако знаел дека јавната исправа е преправена, обвинетиот ја приложил како вистинска на барање на овластено службено лице при редовна контрола.

Веднаш по поднесеното обвинение, во Основниот кривичен суд Скопје се одржа рочиште на кое обвинетиот беше огласен за виновен и му беше изречена условна казна затвор од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во следните пет години, како и казна – протерување од земјава во траење од пет години.​

Коронавирус