понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Хроника

Платиле за да ослободат затвореник од Шутка, но тоа било измама

Платиле за да ослободат затвореник од Шутка, но тоа било измама

На 22.09.2020 во 14:00 часот во СВР Скопје, Т.П.(56) од с.Ногаевци пријавил дека на 12.09.2020 бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, околу 10.30 часот на Д.С.(29) од с. Ногаевци, општина Градско, му се јавило едно лице кое се претставило како А.Н., наводно вработен во Затворот Шутка и му кажалo дека ако плателе пари, можел да помогне да излезе од затвор В.П..

Според пријавеното, Д.С. му го дал бројот на Т.П, кој се согласил да даде пари, по што околу 11.00 часот Т.П. се сретнал со А.Н. и му ги дал парите, а наредниот ден отишол во затворот и му го кажал тоа на В.П..

По 10 дена, бидејќи немало ништо од ослободувањето на В.П., тој настанот го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус