четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 41
home Хроника

Платила за да се укине пресудата за нејзиниот син, кумановка измамена за 2.300 евра

Платила за да се укине пресудата за нејзиниот син, кумановка измамена за 2.300 евра

Повозрасна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за сума од 2.300 евра, соопшти денеска СВР Куманово.

Шеесет и седумгодишната жителка од кумановско село пријавила дека му платила пари на лице кое ѝ ветило дека ќе издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син кој се лекувал на психијатрија.

-Според пријавеното, во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзиниот син, кој бил на задолжително лекување во психијатриска болница во Скопје. Откако се договориле, таа од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, се наведува во соопштението на полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021