понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 146
home Хроника

Планинар од Македонија спасен по пад од 15 метри

Планинар од Македонија спасен по пад од 15 метри

Планинар од Македонија успеал да преживее страотен пад од врвот Анича Кук во Националниот парк Пакленица во Хрватска. Како што пишуваат далматинските портали, Жупанискиот центар 112 во неделата околу 12 часот добил дојава дека планинар, државјанин на Македонија, се повредил од по пад од врвот.

„Паѓал околу 15 метри и останал да виси на карпа, околу 120 метри од тлото“, известуваат медиумите.

Во акцијата за спасување учествувале служби за спасување од Хрватска, но и од Македонија и од Србија.

Повредениот планинар е спуштен до влезот на националниот парк, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Задар.