вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Хроника

Пијани момчиња од Тетово биле агресивни кон полицајци

Пијани момчиња од Тетово биле агресивни кон полицајци

На 10.06.2020 околу 01:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од патничко возило „фолксфаген поло“, со тетовски регистарски ознаки, кое поминувало низ тетовско Слатино, биле фрлани пиротехнички средства, со што бил нарушен јавниот ред и мир.

Поради сомнение за нивна инволвираност во нарушувањето, нешто подоцна биле приведени Б.Т.(25), кој го управувал возилото и Ф.Х.(21),С.Г.(27) и Д.К.(27), сите од тетовско Теарце, кои биле во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувале кон полициските службеници.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе следуваат поднесоци.

Коронавирус