среда, 24. април 2019. Вести денес: 42
home Хроника

Пијан скопјанец ги истепал сопругата, синот, ќерката и нејзиното момче

Пијан скопјанец ги истепал сопругата, синот, ќерката и нејзиното момче

Пијан скопјанец ги истепал сите членови на своето семејство, па и момчето на неговата ќерка, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 22 часот во скопската населба Ѓорче Петров.

Насилството го пријавила 50 годишна жена, според која, нејзиниот 54-годишен сопруг пијан дошол дома и почнал да се расправа со неа. Тој не се задоволил со расправијата, па почнал да ја тепа сопругата, а потоа се нафрлил и на ќерката. Во нивна одбрана застанало момчето на ќерката, како и синот на насилникот, но и нив ги нападнал.

Полицијата работи на расчистување на случајот.