четврток, 21. септември 2023. Вести денес: 111
home Хроника

Пијан маж ја претепал сопругата откако излегле од кафеана, продолжил да ја тепа и дома

Пијан маж ја претепал сопругата откако излегле од кафеана, продолжил да ја тепа и дома

Триесет и шестгодишната Д.Т. од тетовското село Брвеница, ноќеска околу 2 часот пријавила семејно насилство од нејзиниот 39-годишен сопруг Љ.Т.

-Двајцата сопружници вечерта  престојувале во угостителски објект во Тетово, а Љ.Т. забележително алкохолизиран, најпрво скршил чаша и се повредил на раката, а потоа физички ја нападнал со тупаници и клоци откако влегле во возилото за да заминат. Кога стигнале дома, тој продолжил да ја тепа, нанесувајќи и видливи повреди на лицето и вратот, информираат од СВР Тетово.

Набрзо по пријавувањето, Љ.Т. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосното расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.