недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Пијан малолетник во критична состојба донесен на Токсикологија

Пијан малолетник во критична состојба донесен на Токсикологија

Петнаесетина минути по полноќ синоќа на Ургентното одделение во гостиварската болница бил донесен 15-годишен гостиварец, кој се затрул со поголема количина алкохол.

-Поради сериозно влошената здравствена состојба, укажана му е лекарска помош и неконтактибилен,  малолетникот итно е пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје, информираат од СВР Тетово.

Оттаму додаваат дека се расветлуваат мотивите, околностите и се друго поврзано со труењето на малолетниот гостиварец.

 

Коронавирус